Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
ги читам стиховите,
твоите стихови, што ми ги остави
во кружниот ареал на недопирот.
во нив сѐ е кружно.
и насловот е кружен.
несопирливо кружен и блажен,
и страстен и мирисен ко желбата
за допир.
низ нив се слуша чекорење,
тивко, а силно ко билото.
во нив сум јас - некоја,
скаменета во зборот,
распојасана во недопирот,
мирисна ко цвет заробен во снегот,
топла и нежна,
во нив сум јас - жена
посакувана,
сонувана,
опејувана.
жена
која ти дивее во градите,
блеска ко ѕвезда во зениците,
спие на рабовите од усните.
жена
за која болуваат дамарите.
...
грешница
...
и
...
светица
...
а само,
твоја.


n.t.s.
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara