Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
драг дневнику,
во тебе се барам себе,
своите воздишки,
утрински будења,
стоења пред огледалото,
годините пред себе,
четката која ја обликува мојата коса,
моливот што ги црта линиите на синото во погледот,
насмевката заборавена од вчера,
парфемот купен во брзање, без да го тестирам и длабоко вдишам,
сфаќам, несоодветен е, а
потребен да ги скрие остатоците од посебноста на - јас,
потребен да биде демонско задоволување на крутото секојдневие,
потребен да ги стиши моите зборови, меки, податни ко кожата на вратот.
чувството е ...
прстите ги прават последните потези
пред моето заминување
низ долгите тротоари чија далечина ги ечи чекорите што никогаш нема да се вратат.



тивко е.

n.t.s.

Kategorije
Nekategorizovano

Komentara