Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
во овој момент
тој – бара место во своето срце за неа,
таа – е некаде помеѓу.
во овој момент
тие – постојат и стојат на небото
под нивните нозе
со распукнати мисли ко нар во есен,
крваво црвени, тркалезни,
сочно разлеани врз усните жедни.
во овој момент
гулабот, наместо писмо носи
дожд
и песна недопишана во раните утрински мугри,
а украдена од топлите ноќни трепети
без намера да биде

во овој момент
светот ќе продолжи да се врти
во ритамот на там-там помеѓу сите пребарувања.

n.t.s.
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara