Ja, neka ... - Blog - VojvodinaCafe Forum
Pogledaj RSS Feed

New Time

Ja, neka ...

Ocenite unos
жена.
твоите солзи сонуваат за неа.
стануваш пред зори.
вариш кафе.
едно, па уште едно.
додека се расонуваш низ сенките на ноќта.
ја црташ во мислите.
несовшено совршена.
мека.
мириса на карамел.
косите и се ко ветрот од вчера.
нивните бранови ги искинале сите илузии.
кафето прекипува.
собата се полни со мирис на подгорени страсти.
ја вртиш главата. широко се насмевнуваш.
твоите вени се шират од погледот кон хоризонтот.
сонцето наместо таму, изгреа во тебе.
денот ќе биде совршен.

n.t.s.
Kategorije
Nekategorizovano

Komentara